Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Елиф Елмас остана на клупата, неговиот тим настрада во Бергамо

Аталанта игра уште една фантастична сезона. Се чини дека и оваа ќе ја заврши на позиција која носи директен пласман во Лигата на шампионите. Вечерва го совладаа Наполи со 2:0 на домашен терен, што е четврта победа откако се рестартираше сезоната, а седма вкупно во низа. Аталанта е без пораз од јануари оваа година кога дома загуби од СПАЛ со 2:1.

Стрелци на головите вечерва беа Пашалиќ и Госенс. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вечерва остана на клупата за резервни фудбалери, а според досегашната статистика, кога е така Наполи не победува.