Фудбал
ВИДЕО: Елиминација за Реал Мадрид и Јувентус, Лион и Сити во завршницата на ЛШ
Лион и Манчестер Сити обезбедија пласман во завршницата на Лигата на шампионите. Вечерва тие ги елиминираа своите противници, а особено голем успех направи францускиот тим бидејќи Јувентус важеше за еден од фаворитите за пехарот во ЛШ. Сепак благодарејќи на победата од 1:0 на домашен терен, се пласираа во следната фаза. На Јувентус не му помогна ниту расположениот Кристијано Роналдо кој постигна два гола и сруши стар клупски рекорд на Јувентус со 37 голови во една сезона во сите конкуренции.
Од друга страна се знаеше дека Манчестер Сити уште на првиот меч и победата од 2:1 во Мадрид ќе има далеку полесна задача, иако Реал Мадрид никогаш не треба да се отпишува. Сепак, вечерва Пеп Гвардиола добро го постави тимот па со головите на Стерлинг и Габриел Жезус славеше со 2:1, а Карим Бензема само за момент успеа да ја врати драмата и неизвесноста.
Утре вечер се играат мечевите Барселона-Наполи и Баерн Минхен – Челзи.
ЈУВЕНТУС – ЛИОН 2:1 (ПРВ МЕЧ 0:1) Лион оди понатаму поради правилото гол на гости
Стрелци: Роналдо 43’ (п), 60’ – Депај 12 (п)
МАНЧЕСТЕР СИТИ – РЕАЛ МАДРИД 2:1 (ПРВ МЕЧ 2:1) ВКУПНИ 4:2
СТРЕЛЦИ: Серлинг 9’, Габриел Жезус 68’ – Бензема 28’