Фудбал
ВИДЕО: Елмас доби 70 минути – Наполи едвај против второлигашот Емполи
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 70 минути во осминафиналната победа на Наполи против Емполи од 3-2 во Купот на Италија.
Фаворитот два пати водеше со головите на Џузепе ди Лоренцо и Ирвинг Лозано, но гостите два пати израмнуваа благодарение на головите на Недим Бајрами. Победничкиот гол за Наполи го постигна Аднреа Петања во 77-та минута.
Ељиф Елмас беше стартер во тимот на Наполи и на теренот беше до 70. минута. Наполи во следната фаза од Купот на Италија ќе игра со Рома или Специја.