Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Елмас од прва минута, Наполи сигурен

Екипата на Наполи против СПАЛ забележа сигурна победа од 3:1, а еден гол на домаќините е поништен поради офсајд откако беше искористен ВАР. Со оваа победа Наполи собра 45 бодови и се чини дека со Милан и Рома ќе ја водат трката до крајот за пласман во Лига Европа. Стрелци на головите беа Мертенс, Калјехон и Амин Јоунс. За СПАЛ голот го постигна Петања.

За македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ова беше прв меч од првата минута од февруари месец и ги одигра сите 90 минути. Последен пат имал таква улога на мечот со Каљари пред речиси пет месеци кога неговиот тим победи со 1:0. Потоа одигра 75 минути против Бреша, а од тогаш добиваше помала минутажа. Но, мора да се спомне дека девет меча во низа, без разлика колку минути игра Елмас, Наполи победува. По се изгледа дека му носи среќа на тимот.