Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Енис Барди со неговата мајсторија ги воодушеви сите на тренингот

Објавено:

Леванте веќе започна со тренинзи во групи за што подобро да се подготви за продолжување на сезоната во Ла Лига.

Македонскиот репрезентативец со албанско потекло, играч од средниот ред на овој тим, Енис Барди, се чини дека напорно работеше за да остане во форма за време на карантинскиот период и тој постојано го потврдува тоа на тренинзи.

Неодамна, во видеото објавено на Твитер од „Ел Шарингтито“, Барди ја покажа својата класа.

Пред крајот на сезоната поради КОВИД-19, Барди направи 24 настапи за Леванте, постигна 2 гола и асистираше за уште четири.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама