Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Епска размена, Роси пилотираше со Мерцедес, а Хамилтон ја испроба Јамаха

На пистата „Рикардо Тормо“ во Валенсија се случи долгоочекуваната размена.

Пилотот Валентино Роси го пилотираше Мерцедесот на Луис Хамилтон и обратно, Британецот пилотираше со неговата Јамаха. За двајцата пилоти ова не беше прв пат да ја испробаат оваа авантура.

„Последните неколку дена беа најепични во мојот живот. Сè уште немаме соопштение за тоа какво време сме постигнале Валентино и јас, но двајцата добро пилотиравме и се забавувавме. Тоа беше уникатно искуство што сакам да го споделам со сите“, рече Луис Хамилтон.