Фудбал
ВИДЕО: Естонија израмни, ефектен гол на Рауно Сапинен
Во второто полувреме од натпреварот Македонија-Естонија, со голот на Сапинен гостите успеаа да израмнат на 1-1.
Најистурениот напаѓач на Естонците по една загубена топка на Велковски се најде откосо и пласирано биеше во горниот дел од аголот на голот на Шишковски.
Македонскиот голман направи лоша проценка при падот на топката, па потоа немаше шанси да интервенира и сега резултатот е изедначен.
Македонската репрезентација во првото полувреме преку Тричковски кој фанстастично се снајде во казнениот простор постигна гол во 29-та минута.