Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Еуфорија во Уругвај: Навивачите на Национал го пречекаа Суарез

Уругвајската ѕвезда Луис Суарез пред неколку дена потпиша договор со родниот Национал Монтевидео, а во неделата пристигна на стадионот за да им биде претставен на навивачите.

Навивачите на Национал беа воодушевени што го вратија Суарез во својот тим и му приредија еуфоричен пречек надвор од стадионот, а потоа му честитаа од трибините.

Во својата кариера, Суарез одигра 48 натпревари и постигна 15 гола за Национал пред да замине во Европа каде играше за Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.