Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Фанови на ПСЖ го нападнаа хотелот на Барселона

Навивачи на Пари Сент Жермен и се одмаздија на Барселона пред вечерашниот меч во Лигата на шампиони.

Фановите испалија огномет и пиротехнички средства пред хотелот во кој се сместени Каталонците во Париз во 4 часот наутро.

Фановите на Барселона го направија истото ноќта пред првиот меч кој се играше на „Камп Ноу“.

Вечерва ПСЖ ја пречекува Барселона во осминафиналето со предност од првиот меч од 4:1.