Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Фантастичниот Кармело Ентони

Портланд ја совлада Филаделфија со 118:114, а мечот го одбележа Кармело Ентони. Тој потсети на своите најдобри денови од кариерата. Мечот го заврши со 24 поени, дури 16 во последниот период од играта. Кармело кога беше најпотребно постигна три тројки во низа, и практично го сврте резултатот во корист на својот тим.

Сепак, најефикасен во победничкиот тим беше Демиен Лилард со 30 поени. На мечот најмногу поени уфрли Џоел Ембид вкупно 35 додавајќи и 10 скокови и исто толку асистенции.

НБА Резултати:
Хјустон – Мајами 94:101
Бостон – Торонто 120:106
Детроит – Индијана 95:111
Голден Стејт – Орландо 111:105
Портланд – Филаделфија 118:114