Фудбал
ВИДЕО: Фантастично прво полувреме за Шкупи – гол и асистенција за Шкендија во шест минути
Натпреварот Шкупи – Шкендија кој се игра денеска во рамките на ПМФЛ, е можеби еден од најинтересните денешни четири натпревари.
Фантастично прво полувреме за екипата на Шкупи, но исто толку разочарувачко за тетовчани. Напаѓачо од Африка, Дарбо Дембо во првото полувреме ја шокираше Шкендија со постигнување на два гола.
Но, во второто полувреме тетовци влегоа доста моќно. Во само шест минута гол и асистенција за истата екипа. Дориев доби проигрување во шеснаесетникот и со лева ефектно ја смести топката во горниот лев агол од голот на Наумовски.