Фудбал
ВИДЕО: Феликс со два гола ја продолжи серијата и обезбеди триумф на Атлетико во Памплона
Атлетико Мадрид продолжи без пораз и на шестиот меч во новата сезона од Примера. Феликс беше стрелец на головите за „душекчиите“ во 43. минута од пенал и 69, а во меѓувреме и не успеа да го реализира и вториот пенал во 48. минута. Анте Будимир во 80. минута намали на 1-2, а конечните 1-3 ги постави Тореира во 89. минута.