Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Французите шокирани од судиската одлука – Нејмар доби жолт картон поради дриблинг!

ПСЖ го прегази Монпелје со 5:0 во 22. коло од француската Лига 1 на домашен терен изминатиот викенд.

Парижаните лесно дојдоа до нова победа и со тоа ја продолжија својата доминација во домашното првенство. Сепак, овој натпревар го одбележа Главниот судија Брисард кој му даде жолт картон на Нејмар во 38-та минута од натпреварот.

Бразилецот жестоко се жалеше на тоа и не му беше јасно зошто доби жолт картон. Тој се обиде да дознае од судијата, но Брисард одби да му каже.

Сепак, француските медиуми утрово објавија дека главниот судија во извештајот цитирал зошто го казнил Нејмар. Тој напиша дека го сторил тоа за дриблинг на Бразилецот затоа што сметал дека нема почит кон својот противник.

Ова во голема мерка ја шокираше француската јавност, а многумина рекоа дека судијата нема право на никому да му даде картон поради дриблинг што го прави фудбалот онаков каков што е. Воопшто не му беше јасно на Нејмару зошто „пожолтел“, а сигурно е дека откако ќе ја дознае вистинската причина ќе биде дополнително вознемирен.