Фудбал
ВИДЕО: Гатузо за спорната ситуација: Ибра употреби лакт како Мајк Тајсон во дуелот со Кулибали
Спорната ситуација по мечот ја коментираше и Џенаро Гатузо, кој кажа дека според снимката стоперот изгледал како да го удри Мајк Тајсон, а не Ибрахимовиќ.
Не сакам многу да навлегувам во такви работи. На телевизија изгледаше како Ибра да употреби лакт во стилот на Мајк Тајсон, но така личи на забавена снимка. Во овој момент, сето тоа е многу неважно, луѓето од ВАР собата одлучија да не реагираат и не можеме да вратиме ништо, – изјави популарниот Рино кој во продолжение не штедеше комплименти за својот поранешен соиграч.
Милан славеше во Неапол со 1:3 и победи на тешкото гостување по пауза од десет години, пред се благодарение на Златан Ибрахимовиќ кој постигна два гола, но кој притоа не се штедеше во ниту еден дуел и на крајот го заврши мечот со повреда.