Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Герет Бејл не е премногу возбуден што неговиот Реал Мадрид ја освои титулата

Реал Мадрид ја освои 34-тата титула во клупската историја, а успехот беше прославен во чудни околности, секако поради пандемијата со коронавирусот. Фудбалерите сепак славеа. На прославата се приклучи и Герет Бејл, но според видеата и начинот на кој тој се однесува, може да се заклучи дека тој не е премногу возбуден што неговиот тим Реал Мадрид ја освои шампионската титула.

Во изминатите неколку денови се појавија бројни видеа и фотографии од Бејл како се досадува на клупата за резервни фудбалери и како незаинтересирано се однесува додека неговите соиграчи се борат на теренот за нови бодови и нова титула. Ова веројатно е уште еден знак дека „љубовта“ заврши, па следува разделба.