Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Ѓоковиќ не му даде само рекет на момчето на трибините: „Остани тука, ќе се вратам подоцна“

Српскиот тенисер го победи Стефанос Циципас со 3: 2 во сетови на последниот натпревар, а љубителите на овој спорт навистина можеа да уживаат во спектакуларниот судир во Париз.

Грчкиот тенисер успеа да го искористи лошиот старт на Ѓоковиќ и поведе со 2:0 во сетови, па се чинеше дека може да стигне до својата прва грен слем титула во кариерата.

Новак сепак се разбуди по вториот сет и успеа да игра во вистински ритам. Тој покажа зошто моментално е број еден во светот и дојде до пресврт, освојувајќи ја 19-та Грен слем титула во кариерата.

Пред Ѓоковиќ се само Роџер Федерер и Рафаел Надал, кои имаат освоено по 20 грен слем титули, но српскиот тенисер има шанса да ги престигне до крајот на кариерата.

После натпреварот, Ѓоковиќ ја воодушеви јавноста кога го даде својот рекет на момче на трибините кое не можеше да го сокрие својот ентузијазам. Интересно е што ова момче му даваше поддршка на Ѓоковиќ во текот на целиот натпревар, а тој знаеше како да го награди тоа.

„Не знам кое е момчето, но цело време го слушав. Тој ме бодреше кога губев со 2:0. Дури ми даваше и совети за време на натпреварот. Се однесуваше како да ме тренира и тоа беше многу сладок за мене. Тој беше најдобриот избор, сакав да му дадам рекет бидејќи ме поддржуваше во текот на целиот натпревар“, рече Ѓоковиќ.

Сепак, на крајот на краиштата, таткото на ова момче проговори и рече дека Ѓоковиќ не му дал само рекет на неговиот син.

„Мојот син дојде на мечот во српска маица и почна силно да го бодри Новак додека губеше. Кога Ѓоковиќ седна спроти нас, го погледна Том и го крена палецот во негова насока. Откако му го даде рекетот и виде како Том го погледна Новак му рече: „Остани тука, ќе се вратам подоцна“, рече таткото на момчето.

Имено, по доделувањето на пехарот, Ѓоковиќ отишол до својата торба, од која извадил уште две капачиња и се вратил на момчето Том, на кое му дал едното капаче, а другото и го дал на неговата сестра.

Реклама

Facebook