Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Глумеше мангуп во рингот, па се нокаутира самиот себе

Неверојатната сцена ни доаѓа од една помала промоција на кик бокс во која неименуван борец се нокаутираше самиот себе.

За време на мечот во промоцијата на Лингно во Шведска, кикбоксерот се обиде со ножички да го нокаутира ривалот, но не испадна како што сакаше.

Несреќниот човек имаше жестоко промашување. Падна на глава и се нокаутираше и прилично се посрамоти во овој случај.

Ова е уште еден доказ дека изведувањето мангупски работи во рингот не е секогаш паметно затоа што често се оди наопаку.

Овој човек дозна на потешкиот начин. На крајот добро мина бидејќи лесно можеше да заработи тешка повреда поради тежок пад.

Реклама

Facebook