Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Го нема Халанд, но тука е младиот играч по кој „лудуваат“ сите големи клубови

Борусија Дортмунд на гостински терен славеше со убедливи 6:1 против Падерборн, па ја намали разликата на 7 бодови негатива во однос на Баерн Минхен.

Младата ѕвезда Ерлинг Халанд поради повреда не беше во составот, но затоа тука е уште една млада надеж, Џејдон Санчо кој постигна хет-трик. По овој фудбалер „лудуваат“ речиси сите големи европски клубови. Стрелци на останатите три голови за Борусија Дортмунд беа Азард, Хакими и Шмелцер. Нешто слично како и напаѓачот на Менхенгладбах, така и Санчо еден гол прослави во чест на Џорџ Флојд, Афроамериканец убиен од полицаец пред неколку дена во Минеаполис, поради што има насилни протести во речиси сите држави во САД.