Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Го победи коронавирусот, а потоа за седум минути постигна хет-трик

Белгискиот интернационалец Маруан Фелаини беше заразен со коронавирус. Се бореше со него и успеа да го победи. Но, не само што го победи опасниот вирус, туку веднаш потоа покажа дека останал во форма.

Имено, тој беше стрелец на три гола и тоа за само седум минути во победата на неговиот тим Шандонг против Далиан со 3:2 во кинеската Супер лига. Неговиот тим губеше со 1:0, но Фелаини од 79-та до 86-та постигна три гола и донесе три бода на својот тим, иако до крајот на мечот противникот постигна уште еден гол за конечни 3:2.