Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Го победи ривалот, па тргна да се тепа со судијата!

Сериозен инцидент го одбележа ММА-спектаклот во Абу Даби. Ахмад Ал Дармаки направи две неверојатни глупости на последниот натпревар. Борецот од Емиратите на UAE Warriors 12 имаше одлична борба против Богдан Кириленко.

Откако со одличен зафат го легна на земја Кириленко и успеа да го вклешти во прегратка, борецот од Обединетите Арапски Емирати одби да го пушти противникот, иако судијата се обиде да ги раздвои и покажа дека Ал Дармаки е победник.

Откако се разделија, борецот од Емиратите започна да ја слави победата, но славењето не траеше долго бидејќи судијата наскоро го дисквалификуваше и му го одзеде триумфот.