Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Го прашале Ал Келаифи дали Меси ќе дојде во ПСЖ, погледнете ја неговата реакција

Откако Нејмар по мечот со ПСЖ изјави дека сака повторно да игра со Лионел Меси, многумина го протолкуваа тоа дека Аргентинецот откако ќе му заврши договорот со Барселона, а тоа е идното лето, ќе дојде во ПСЖ.

Новинар, во живо во една емисија му се јави на првиот човек на ПСЖ Насер Ал Келаифи  и го праша дали ПСЖ ќе го донесе Меси. Откако слатко се изнасмеа Келаифи изјави дека не може за тоа да зборува во моментов бидејќи Меси е играч на Барселона.

Сепак, неговата реакција многу спортски медиуми во Франција ја протолкуваа како простор за ангажирање или обид за ангажирање на Лионел Меси.
Како што е познато Меси пред почетокот на сезоната сакаше да замине, бараше да му се раскине договорот, но сепак раководството на Барселона не прифати и бараше 700 милиони евра обештетување. Веројатно како слободен играч Меси следното лето ќе бира каде ќе игра.