Фудбал
ВИДЕО: Го прослави голот против поранешниот тим, Мбапе ја открива причината
ПСЖ со 4:1, го совлада Монако во мечот од Лига 1 одигран во средата вечер. Килијан Мбапе беше автор на два гола, а Нејмар и Сарабија ги постигнаа останатите два гола.
Сепак, двата гола на францускиот напаѓач завршија во центарот на вниманието. Или поточно, вториот. Мбапе, кој го освои првенството со Монако, пред да се пресели во Париз во 2017 година, не славеше по првиот гол. Но тоа не беше случај и со вториот гол.
Кој беше причината за ваквата реакција објасни самиот напаѓач.
„Не прославив по првиот гол затоа што тренирав овде, ги играв и ги живеев моите први прекрасни моменти во оваа земја“, рече sвездата на ПСЖ.
„Сепак, бев принуден да го прославам вториот гол поради навредите. Сакав да одговорам на тој начин и морам да кажам дека беше убаво“.
?: QUE PARTIDA!!
Segundo gol de Kylian Mbappé no jogo de hoje contra o Mônaco e 4 do PSG. pic.twitter.com/wbijSDazAM— Portal Kylian Mbappé (@PortalMbappe) January 16, 2020