Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Ѓоковиќ го „преспа“ првиот сет, а потоа го прегази Американецот

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на УС Опен откако го совлада Американецот Џенсон Бруксби по четири сета. Српскиот тенисер практично го „преспа“ првиот сет кој го загуби со 6:1, но потоа следуваше игра на онаа на познатиот Ѓоковиќ па го прегази противникот со 6:3, 6:2 и 6:2. Мечот траеше 2 часа и 58 минути.

Парови за четвртфинале (мажи).

Новак Ѓоковиќ (Србија) – Матео Беретини (Италија)
Александар Зверев (Германија) – Лојд Херис (Јужна Африка)

Феликс Оже-Алијасим (Канада) – Карлос Алкараз (Шпанија)
Ботик ван де Зандшулп (Холандија) – Данил Медведев (Русија)