Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Голем играч, голем човек, легендарниот Раул тешеше млад фудбалер на Интер

Легендарниот Раул во моментов е тренер на младиот тим на Реал Мадрид. Во полуфиналето во младинската Лига на шампиони играа против соодветниот тим на Интер. Неговите момчиња беанемилосрдни кон противникот па славеа со 3:0 за пласман во финале каде ги чека Салцбург.

Но, она што светските медиуми го издвоија е моментот на крајот од мечот. Младите фудбалери на Интер беа во очај и со солзи во очите тагуваа поради поразот и трите гола во мрежата. Но, додека еден од младите фудбалери не можеше да ги сопре солзите, Раул му пријде и се обиде да го утеши, со зборовите дека неговата кариера само што почнала и дека големите успеси се пред него.