Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Голман во Турција одбрани два пенали, па доби црвен картон, но дефанзивецот го спречи и третиот обид

Ерсин Ајдин одигра натпревар за паматетење. Усакспор го совлада Турскиот третолигаш Ергене Велимесе во неделата попладне.

Усакспор имаше водство од 2:0 до самиот крај на натпреварот. Но во 90. минута Велимесе доби пенал.

Ерсин Ајдин го одбрани пеналот, но тој мораше да биде изведен одново затоа што Ајдин се оддалечи од гол линијата, а за тоа доби и жолт картон.

Голманот на Усакспор повторно го одбрани пеналот, но поради истата причина како и претходно мораше одново да биде изведен, Ајдин доби втор жолт карто и беше исклучен од натпреварот.

Интересно е тоа што и по третиот обид, пеналот беше одбранет, но овој пат од дефанзивецот на Усакспор, Актуг.