Фудбал
ВИДЕО: Готово е Барселона е во „аут“ за титулата, Мадрид ќе има шампион, но дали Атлетико или Реал?!
Вистинска драма во претпоследното коло во шпанската Ла Лига. Победи за Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, а пораз за Барселона на домашен терен, која и дефинитивно испадна од трката за титулата. Во последното коло кое се игра на 23-ти мај, ќе биде познат шампионот. Градот Мадрид секако ќе слави, но останува да се види дали ќе биде тоа Атлетико или Реал Мадрид.
Атлетико Мадрид во последното коло гостува на Ваљадолид, а Реал Мадрид дома игра против Виљареал.
Атлетико вечерва славеше преку пресврт и тоа со головите во последните моменти од мечот. Осасуна поведе со голот на Будимир во 75-та минута. Ренан Лоди во 82-та израмни на 1:1, а Луис Суарез во 88 погоди за победа на Атлетико Мадрид, гол кој може да биде клучен за шампионскиот пехар.
Реал Мадрид со идентичен со 0:1 славеше на гостувањето кај Атлетик Билбао. Начо во 68-та минута го постигна одлучувачкиот погодок.
Барселона дома загуби од Селта со 1:2. Во 28-та минута Лионел Меси донесе предност на својот тим од 1:0, но десет минути подоцна израмни Мина. Истиот играч во 89-тата минута ја шокираше Барселона за 2:1 и ја отпиша од трката за титулата.
АТЛЕТИКО МАДРИД – ОСАСУНА 2:1
АТЛЕТИК БИЛБАО – РЕАЛ МАДРИД 0:1
БАРСЕЛОНА – СЕЛТА 1:2