Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Градското дерби во Торино му припадна на Јувентус

Во 24. коло од Серија А, Јувентус на домашен терен го совлада градскиот ривал Торино со 4:2. Второто овосезонско „Derby della Mole“, кое го носи името на една од најпознатите градби во градот, беше многу привлечно и понуди повеќе резултатски пресврт.

Гостите ја шокираа „старата дама“ и поведоа преку Јан Карамох во втората минута, а Хуан Куардадо израмни за Јуве. Парагвајскиот напаѓач Пауло Сарабија го врати Торино во водство во 43. минута, но пред да замине на пауза во судиското надополнување, Данило донесе ново израмнување.

Во продолжение се случи целосен пресврт на Јувентус, а погодија Бремер во 71. минута и Адриен Рабио во 81. минута. Да потсетиме, на Јувентус му беа одземени 15 бода поради финансиска измама, но сепак има шанса за Европа. Аталанта е на шестото место кое води во Конференциската лига и има шест бодови предност пред Јуве.

Головите од натпреварот можете да ги погледнете тука.

Advertisement