Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: „Гранде Пандев“ сезонава игра магично, нов гол во Серие А

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и член на Џенова, Горан Пандев иако наскоро ќе наполни 38 години, сепак тој е еден од најдобрите фудбалери на неговиот тим оваа сезона. Вистински лидер, кој попладнево го постигна девети гол во Серие А за оваа сезона.

„Гранде Пандев“ сезонава игра навистина магично, а со малата мајсторија против СПАЛ донесе водство од 1:0 за Џенова.