Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Гвардиола беше прашан за Меси во Сити, момчето сега веројатно ќе биде најсреќно на светот

Меси во изминатите неколку денови најмногу се поврзува со Манчестер Сити. Сега се појави и симпатично видео, снимено уште при првата сезона на Пеп Гвардиола во англискиот тим, кога со клупскиот тим изненадуваше во такси возило најверни навивачи.

Така беше и со едно мало момче, кое освен тоа што беше пресреќно што се сретнал со Пеп Гвардиола, се интересираше дали тој може да го убеди неговиот пријател Меси да се пресели во Сити.

-Меси е твој пријател. Ти сигурно можеш да му се јавиш да видиш дали ќе ни се придружи, го праша момчето.

-Би било убаво, нели? Можеби тоа е малку тешко, му одговори Гвардиола.

Но, од денешна дистанца не изгледа толку тешко, само требаат малку повеќе пари.