Други спортови
ВИДЕО: Хабиб, сепак не е без пораз, само овој човек може да се пофали дека го победил
Хабиб Нурмагомедов се пензионираше со скор од 29-0-0. Во неговата статистика на УФЦ ќе стои дека се повлекол од борбите без ниту еден пораз. Сепак, „Орелот од Дагестан“ како што го нарекуваат има пораз. Тоа се случило во далечната 2005-та година во Русија на државното првенство во дисциплината самбо, кога Нурмагомедов имал 17 години. Тогаш загуби од Ибрагим Могамедов. Тоа е единствениот пораз во кариерата на Хабиб.