Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Хамилтон го повлече Фетел на првото место на подиумот, но германецот беше многу лут

Луис Хамилтон победи вчера во трката за Големата награда на Канада, иако Себастијан Фетел беше првиот што стигна до финишот.

Фетел водеше во текот на трката, но на крајот ја изгуби својата победа, бидејќи беше казнет со пет дополнителни секунди. Возачот на Ферари направи грешка во финишот на трката кога се повлече од патеката и се врати пред Хамилтон.

Челниците на Формула 1 одлучија да го казнат Фетел затоа што веруваат дека на непрописен начин го застана Хамилтон и дека требаше да му дозволи на возачот на Мерцедес да го престигне.

Поради ова, имаше голем хаос, бидејќи Фетел не се помири со пораз, па дури и болидот го пракира пред боксот. На доделувањето на пехарите, тој се појави непосредно пред крајот, а Хамилтон се обиде некако да ја исправи неправдата.

Го повика Фетел да се качи на првото место на подиумот, но тоа не беше утешно за германецот, бидејќи рече дека ја заслужил победата и дека му бил одземена на многу груб начин.