Фудбал
ВИДЕО: Хандановиќ на еден пенал од легендарниот Џанлука Паљука, му одбранил и на Пандев
Самир Хандановиќ во саботата вечер одбрани пенал во последните моменти на мечот против Аталанта и го спаси Интер од пораз. Мечот заврши 1:1, а Јувентус со победата од 2:1 против Рома го презема врвот во Серие А.

Но, херојот на Интер, Хандановиќ кој од 2012 година го носи дресот на „Нероаѕурите“ ја имаше 30-тата успешна интервенција при ударите од белата точка. Тој се наоѓа на второто место на вечната листа на одбранети пенали и има еден помалку од легендарниот Џанлука Паљука, кој исто така е поранешен голман на Интер, кој има 31 одбранет пенал во кариерата во Серие А.
Во својата кариера Хандановиќ одбранил пенали на Бернандешки, Белоти, Лука Тони, Касано, Макси Лопез, на Горан Панев, Кавани, Хамшик.
Пеналот на Пандев, Хандановиќ му го одбрани во сезоната 2013/2014-та кога капитенот на Македонија играше за Наполи.