Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Хаос на „Олд Трафорд“ пред дербито со Ливерпул, упаднаа навивачите, бараат оставка од семејството Глејзер

Попладнево Манчестер Јунајтед треба да го одигра дербито против Ливерпул. Може да се каже дека конечно „Црвените ѓаволи“ имаат добра сезона по подолго време. Втори се на табелата, во полуфиналето на ЛЕ се пласираа, но сепак навивачите не се задоволни.

Имено, тие бараат оставка од семејството Глејзер. Причина за ова е лошите резултати во изминатире десетина години, а секако и поради потегот на газдите да го внесат тимот во Суперлигата.

Инаку, мечот Манчестер Јунајтед – Ливерпул треба да се одигра во 17:30 часот.