Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Хаос низ улиците, прославата на титулата на Лејкерси се претвори во судир со полицијата

ЛА Лејкерс стигна до 17-тиот трофеј откако во шестиот меч триумфираа над Мајами со 106:93. Сепак, прославата на нивните фанови низ улиците се претвори во судир со полицијата.

Имено, градските власти порачаа да нема собири и групирања, поради Ковид 19 мерките, но голем број фанови не се придржуваа до наредните. Полицијата мораше да интервенира, па настанаа инциденти во кои беа употребени и солзавец.