Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Херојот од финалето во 2012 година, нов член на тимот на деценијата во Евролигата

Јоргос Принтезис е најновиот член на тимот на деценијата во Евролигата.

Грчкиот кошаркарски мајстор местото помеѓу најдобрите го обезбеди со двете титули во најсилното клупско натпреварување, освоени во 2012 и 2013 година. Принтезис беше најзаслужен за првата титула, постигнувајќи ги клучните поени во финалето против ЦСКА Москва во Истанбул.

Претходно во тимот на деценијата беа примени Дончиќ, Теодосиќ, Наваро, Хајнс, Де Коло и Дијамантидис.