Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Хетафе се сопна, го губи чекорот за место во Лигата на шампиони

Хетафе важи за најголемо изненадување во Ла Лига оваа сезона, но малиот тим од Мадрид не тргна најдобро по рестартот на сезоната. Првото полувреме кое се играше дури 51. минута ги понуди двата погодоци од кои оној на гостите беше во последните секунди. Вториот дел, мина без премногу возбудувања, па дојде до делба на пленот.

Целиот натпревар не понуди премногу шанси на двете страни, па двата тима искористија најмногу што можеа.

Хетафе со 48 бодови е на 5.место на табелата, додека Еибар е 16-ти со 29 бодови.