Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Хрватска брилијантна ја прегази Белорусија – следува соочување со Србија

Репрезентацијата на Хрватска во вториот натпревар на Европското првенство покажа зошто се фаворити во групата А. По победата на Црна Гора во четвртокот, денеска страдаше и Белорусија со 31:23

Хрватска сега има две победи и доколку вечерва Црна Гора ја победи Србија, тогаш Хрватска ќе се најде на сигурно прво место на табелата. Во овој случај доколку вака се реализира сценариото кое го посакуваат Хрватите, натпреварот против Србија закажан за в понеделник ќе биде целосно неважен.