Ракомет
ВИДЕО: Хрватските ракометари излегоа од салата и пееа со илјадниците навивачи
Ракометари на Хрватска го одиграа последниот натпревар од второто коло во Виена и ремизираа 22:22 со Шпанија. Селекцијата на Лино Червар на тој начин одат во полуфиналето.
Ракометарите имаа прекрасна поддршка на сите натпревари во Европското првенство. Грац и Виена беа окупирани со хрватски знамиња и дресови, а еуфоријата ќе продолжи и во Шведска на самиот крај.
По вечерашниот натпревар, Лино Червар ги однесе играчите на кратка фотографија со фановите пред хрватско кафуле до спортската сала. Кога се појавија, настана хаос, сите сакаа автограм и фотографија со хрватските ракометари кои се борат кон европското злато, единствениот медал кој недостасува од хрватскиот ракомет.