Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: И тоа го доживеаа – Обемејанг и сонародниците мораа да спијат на подот на аеродром!

Пјер Емерик Обамејанг е најголема ѕвезда на Арсенал и еден од најплатените играчи во Премиер лигата.  Пандемијата со коронавирусот направи многубројни проблеми во меѓународните натпревари.

Репрезентацијата на Габон синоќа мина вистински пекол на аеродром во Гамбија, зашто фудбалерите мораа да спијат на подот и на клупите поради неправилности во тестовите поради ковид-19.

Причина за ваквата сцена се неправилностите во тестовите кои правеле пред влезот во Гамбија.

Меѓу фудбалерите на Габон беше и Пјер-Емерик Обемејанг, кој не доби поразличен третман од останатите, иако е најголема ѕвезда на неговата селекција.

– Ова нема да не демотивира, но луѓето треба да знаат што се случи и Африканската Конфедерација треба да преземе одговорност за ова. Ние сме во 2020-та година и сакаме Африка да расте, но вака нема да го направиме тоа!!!, – порача лутиот Обамејанг.

Натпреварот против Гамбија кој беше закажан за денес ќе се одигра во планираниот термин.

loading...

Facebook