Кошарка
ВИДЕО: И тоа се случува во НБА, се скара со Леброн, па беше отстранета од салата
Интересен момент се случи на мечот од НБА лигата помеѓу Атланта и ЛА Лејкерс. Имено, навивачка на домашниот тим се скара со Леброн Џејмс, па потоа веднаш беше отсранета од салата.
Ова се случуваше во четвртиот период од играча. Навивачката ја извадила заштитната маска со цел да се „дообјаснува“ со Леброн, а со оглед на тоа дека ги прекршила правилата, веднаш беше отстранета.
Сепак, Леброн како голем спортист даде изјава дека му е драго што конечно има навивачи во салите и дека вакво нешто му недостигало.