Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ибра и Роналдо со меѓусебни провокации, на крајот Швеѓанецот се смееше

Фантастичен меч одиграа синоќа Милан и Јувентус. Но, еден детаљ од дуелот е главна тема во сите италијански медиуми. Имено, додека Ибрахимовиќ го изведуваше пеналот, Роналдо се обиде да го деконцентрира, па довикуваше „Го познавате ли, го познавате ли“.

Сепак, ова не му пречеше на Ибра да го посигне голот. Потоа, кога ја напушти играта, од клупата за резервни фудбалери, кога Ребиќ го поситигна четвртиот гол за Милан во победата од 4:2, Ибра гестикулираше покажувајќи му на Роналдо дека многу зборува.