Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ибрахимовиќ „нокаутираше“ фудбалер на Парма

Милан продолжува со добрите резултати, а синоќа забележа нова победа овој пат против Парма со 3:1. Кеси, Ромањоли и Чалханоглу беа стрелци на головите, а Златан Ибрахимовиќ имаше можност од слободен удар да постигне погодок, но наместо голот го погоди противничкиот играч во главата.

Швеѓанецот испрати вистинска „бомба“, а Рикардо Гаџоло се струполи на земја како нокаутиран.