Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Ибрахимовиќ промаши пенал – Милан спасуваше реми против Верона

Милан запиша домашно реми на дуелот со Верона (2-2) во последниот натпревар од седмото коло на Серија А. Златан Ибрахимовиќ беше во центарот на вниманието.

Натпреварот почна лошо за Милан, Верона поведе уште во шестата минута со гол на Барак, а во 19. несреќниот Калабрија си постигна автогол за 0-2.

Домаќините имаа шанса да израмнат во 65. минута, но Златан Ибрахимовиќ не го реализираше пеналот, шутирајќи високо над голот, со што Верона го задржа водството.

Сепак, најголемата ѕвезда на Милан успеа да извлече реми за својот тим, а Ибрахимовиќ овојпат погоди со глава во 93. минута за конечни 2:2.

Ова е втор натпревар за бодови во кој екипата на Пиоли не извојува победа оваа сезона на „чизмата“

loading...

Facebook