Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Иџе доби зелено светло, ќе вози на „Имола“

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе конечно викендов ќе ја има првата трка од новата сезона во ТЦР шампионатот на Италија. Стефановски поради затворените граници и проблемите со коронавирусот не можеше да биде дел од првите трки, затоа што не можеше да отпатува во Италија. Но, административниот проблем е решено, па Иџе ќе може да вози на „Имола“.

Конечно Иџе успеа да влезе во Италија, па така викендов ќе вози на третата трка од сезоната во Имола на славната стаза Автодром Енцо и Дино Ферари.

Првата трка на „Имола“ е на 29 август од 14:15 часот, додека втората е ден подоцна од 11:35 часот. Квалификациите ќе се возат в петок од 19 часот.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com