Тајмаут
ВИДЕО: Играчот на Свонси му покажа жолт картон на судијата
Рајан Брустер, иако немаше никаква улога во освојувањето на Лигата на шампионите со Ливерпул минатата сезона, доби медал како рамноправен член на составот бидејќи седеше на клупата на тој натпревар.
Младиот Англичанец навистина немаше шанси да се избори за место во тимот на Јирген Клоп, па беше испратен на позајмица во Свонси овој јануари.
Се зборува за цифра од четирите милиони евра што Свонси ја плати на „црвените“ за неговите услуги до крајот на тековната сезона. За неговиот нов клуб младиот Англичанец запиша два настапи, од кои последниот ќе остане запаметен по еден интересен потег што го направи.
На судијата на натпреварот, Грегори Елтрингем, во еден момент му испадна жолтиот картон, кој го собра Брејстер и на шега го покажа кон него, што ги натера сите да се смеат на стадионот.
За ова да биде уште поинтересна, судијата нему му покажа жолт картон неколку минути подоцна, но не шега, туку оправдана поради остар старт на средината на теренот.
Ситуација што немаме можност да ја гледаме секој ден.