Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Играле тенис на кровови на згради , кога ги изненадил Федерер

Секој има желба да го запознае својот идол, но таа желба ретко се исполнува. Карола и Виторија на 11 и 13 годишна возраст се италијански девојчиња кои, среде најголемата пандемија на коронавирус, играа тенис на кров на две згради, секоја на свој покрив.

Снимката на нивниот натпревар стана светски позната, па стигна и до Роџер Федерер.

Познатиот Швајцарец реши да ги изненади и да одигра партија тенис со нив. Се започна како интервју со девојчињата, а во еден момент, зад грб им се појави Федерер.

„Бабо, Федерер е на покривот со нас, шампионот!“, викаа девојчињата.