Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Има 38 години, над 100 килограми, но го исполни ветувањето поради кое и Јурген Клоп му се јави да му честита

На почетокот на сезоната тимот од пониските англиски лиги Викомб немаше доволен број на играчи ниту за натпревар. На еден пријателски дуел дури осум фудбалери беа на проба. Сите му прогнозираа испаѓање од Лига 1. Но, година дена подоцна играа плеј-оф и се пласираа во Чемпионшип лигата, втора по ранг на Англија.

Играчот кој привлекува најмногу внимание и најпознат нивен играч е  Адебајо Акинфенва.

Тој постојавно веруваше во тоа, дури и прогнозираше дека ќе се пласираат во Чемпионшип. Сега, има 38 години, следната година ќе има 39, па веројатно ќе одигра уште една сезона, бидејќи во овој ранг никогаш не настапувал.

Голем наивач е на Ливерпул, а по мечот со Оксфорд, порачал дека би сакал Јурген Клоп да му се јави и да му честита на успехот. Тренерот на Ливерпул го сторил тоа, го контактирал преку Ватсап и му честитал на Акинфенва.

Инаку, тој има над 100 килограми, може да крене тегови од 200 килограми, па поради тоа го нарекуваат најсилниот фудбалер. Иако никогаш не играл во голем клуб, сепак од финансиска гледна точка не стои лошо. Својата популарност во Англија добро ја наплатува, а има и своја линија на облека, која многу се продава.