Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Интер ја заврши својата работа, титулата уште утре може да ја обезбеди, ќе навива за Сасуоло против Аталанта

Екипата на Интер вечерва направи уште еден чекор до обезбедување на шампионската титула откако како гостин славеше со 2:0 на гостувањето кај Кротоне. Резервистот Кристијан Ериксен во 69-та на асистенција на Лукаку погоди за 1:0, а конечните 2:0 ги постави Хакими во судиското продолжение на мечот. Сега, тимот на Конте има 82 бода, 14 повеќе од второпласираната Аталанта, па доколку тимот од Бергамо утре загуби од Сасуоло или одигра нерешено, на четири кола до крајот Интер ќе ја освои шампионската титула, прва од 2010-та година.

Инаку, со овој пораз Кротоне и официјално се прости од Серие А, од следната сезона ќе игра во Серие Б.

Standings provided by SofaScore LiveScore