Фудбал
ВИДЕО: Инцидент на „Рамон Санчез Писхуан“: Пресметка помеѓу полицијата и „Bad Blue Boys“
Во тек е натпреварот помеѓу Севиља и Динамо Загреб во 1/16 финалето од Лига Европа.
Во 55. минута активен е резултатот од првото полувреме, а домашната екипа води со 3:1 со головите на Ракитиќ, Окампос и Марсијал, додека единствен стрелец за Динамо беше Оршиќ.
Исто така, во првото полувреме од овој натпревар беше забележан инцидент на трибините на стадионот Рамон Санчез Писхуан. Полицијата упаднала на делот од трибината каде се наоѓаат „Bad Blue Boys“, приврзаници на Динамо Загреб, а потоа избил конфликт.
На стадионот има околу 1700 „Bad Blue Boys“, а информации за повредени се уште нема.
Сето тоа траело околу 20 секунди, а сето тоа е снимено од еден обожавател.
Погледнете за што се работи.
Se estan dando la policia y los ultras del Dinamo pic.twitter.com/xaKothQiRz
— SFCSVQ1 (@SFCSVQ1) February 17, 2022