Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Италија на чекор до првото место – Англија без шанси за плеј-оф во ЛН

Белгија го доби клучниот натпревар во групата фаза од Лигата на нации и со победата од 2-0 ја исфрли Англија од борбата за првото место во групата 2.

Англичаните со пораз се враќаат од Белгија, натпреварот беше решен за помалку од 25 минути игра.

Јури Тилеманс донесе водство за Белгија во 10. минута од натпреварот, по што Дрис Мертенс со мајсторски изведен слободен удар зголеми на 2-0. Англија имаше свои шанси во продолжение од дуелот, но не искористи ниту една.

Во Лигата А се одиграа уште два меча, Данска со 2-1 го победи Исланд, а претходно Холандија со 3-1 славеше над Босна и Херцеговина.

Останати резултати:

Данска – Исланд 2-1
Австрија – Северна Ирска 2-1
Чешка – Израел 1-0
Унгарија – Србија 1-1

loading...

Facebook